Политика за приватност
Последна промена: 30 август 2026
Оваа политика објаснува кои податоци ги собираат апликацијата и веб-страницата на TableTap, зошто, и какви избори имаш. Со TableTap управува БРАЈТ СОФТ ДООЕЛ Скопје, ул. „Фредерик Шопен“ бр. 28-2, Кисела Вода, 1000 Скопје („ние“). Прашања за оваа политика испрати на support@tabletap.mk.
Што собираме
- Податоци за профилот. Твоето име, е-пошта, телефонски број и, ако додадеш, фотографија за профилот. Ако се најавиш со Google или Apple, го добиваме твоето име и е-пошта од тој провајдер; телефонскиот број секогаш го внесуваш ти.
- Резервации. Локалите што ги резервираш, бројот на гости, датумот и времето, изборот на седење, пораката што ја испраќаш до локалот и статусот на резервацијата.
- Активност во апликацијата. Твоите омилени локали и твоите поени за лојалност во ресторани со програма за лојалност.
- Податоци за уредот. Токен за известувања ако ги дозволиш, твојот избор на јазик и тема и, само ако дозволиш пристап до локацијата, твојата приближна локација за да ти покажеме локали во близина.
Како ги користиме
- За да го креираме и заштитиме твојот профил.
- За да ги испратиме твоите барања за резервација до локалите и да ти ги покажеме нивните одговори.
- За да те известиме за твоите резервации, вклучувајќи потсетник пред масата.
- За да ги водиме програмите за лојалност на ресторани што учествуваат.
- За да ти покажеме локали и настани во близина, кога ќе избереш да ја споделиш локацијата.
Не ги продаваме твоите лични податоци и не ги користиме за туѓо рекламирање.
Со кого ги споделуваме
- Локалот што го резервираш. Локалот ги гледа податоците што му се потребни за да те пречека и да те контактира за резервацијата: твоето име, е-пошта, телефонски број, бројот на гости, датумот, времето, изборот на седење и пораката што ќе ја додадеш.
- Даватели на услуги. TableTap е хостиран на Microsoft Azure, користиме Google Firebase за најава и известувања, и Google Maps за прикажување локали на мапа и Google оцени. Овие даватели ги обработуваат податоците за нас, не за свои цели.
Колку долго ги чуваме
Ги чуваме податоците за профилот додека постои твојот профил. Кога ќе го избришеш профилот, твоите податоци се бришат или анонимизираат. Записите за завршени резервации остануваат како дел од историјата на резервации на секој локал, вклучително и контактот внесен при резервирањето; пиши ни ако сакаш да се избришат и тие.
Твоите избори
- Уреди го името, фотографијата и контакт-податоците во апликацијата под Профил.
- Исклучи ги известувањата во апликацијата или во поставките на телефонот, кога сакаш.
- Избриши го профилот во апликацијата под Профил → Поставки → Избриши профил, или пиши на support@tabletap.mk од е-поштата поврзана со профилот.
Деца
TableTap не е наменет за деца под 16 години и свесно не собираме нивни податоци.
Промени на оваа политика
Ако ја промениме оваа политика, новата верзија ќе ја објавиме тука и ќе го смениме датумот на врвот. Позначајните промени ќе ги најавиме и во апликацијата.